Дома Фудбал Чаби Алонсо со промена која не им оди по вкусот на играчите на Реал Мадрид

Чаби Алонсо со промена која не им оди по вкусот на играчите на Реал Мадрид

Новiot главен тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, воведе промена во едно од правилата од времето на Карло Анчелоти, што веројатно не е на по вкус на фудбалерите.

Кај Италијанецот, до крајот на минатата сезона играчите беа задолжени да бидат на базата најдоцна 30 минути пред објавениот почеток на тренингот, но неговиот наследник сега бара тие да бидат таму најмалку еден час порано, соопштува „Ел Чирингито“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Така сега играчите ќе имаат помалку време за спиење наутро, a освен тоа треба да брзаат со автомобилите низ сообраќајниот метеж во шпанската престолнина.

Реал започна со подготовки во понеделник (4 август), откако целиот распоред беше сменет поради долготрајното учество на тимот на Светското клупско првенство. Засега е планиран само еден контролен натпревар – на 12 август против ВСГ Тирол. Тимот ги започнува натпреварите во Ла Лига на 19 август против Осасуна на „Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дел Пјеро бесен по новата елиминацијата, а еден цитат посебно ги боли Италијанците!

Азурите продолжуваат да се лизгаат уште подлабоко, иако како веќе да нема каде да одатR…