Дома Фудбал Чаби Алонсо проговори за поврзувањето со Реал

Чаби Алонсо проговори за поврзувањето со Реал

По елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите, се зборува за потенцијалниот крај на соработката меѓу кралскиот клуб и Карло Анчелоти на крајот на сезоната. Како можен наследник се спомнува тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.

Шпанскиот тренер веќе повеќе од една година се поврзува со Реал, но сè уште нема ништо конкретно во сето тоа. Што го потврди и самиот Алонсо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


– Не е добро време да се зборува за иднината. Сезонава е многу важен период. Не сакам да разговарам за шпекулации и гласини. Разбирам дека тоа е интересно, но она што ми е поважно е она што сега се случува – рече Алонсо.

На крајот на минатата сезона, кога Баер ја освои двојната круна, прва во историјата на клубот, Алонсо беше многу баран тренер. Наводно го посакуваа Реал, Ливерпул и Бајерн. Во тој момент, единствено Реал имаше решено прашање на тренерот, но во Енфилд и Алијанц Арена пристигнаа Арне Слот и Венсан Компани. А и самиот Алонсо реши да остане во Леверкузен.

Моментално, “Аспиринџиите” се втори на табелата со само шест бода помалку од минхенскиот Бајерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Ру…