Дома Фудбал Чаби Алонсо донесе одлука за која и самиот мислеше дека е невозможна

Чаби Алонсо донесе одлука за која и самиот мислеше дека е невозможна

Флорентино Перез кон крајот на минатата сезона одлучи да му се заблагодари на Карло Анчелоти за соработката по неуспешната сезона, а на негово место дојде Чаби Алонсо.

Навивачите на Реал го дочекаа Алонсо со големо воодушевување, сметајќи го за одличен избор за нов тренер на кралскиот клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, шест месеци подоцна ситуацијата во Реал не е така сјајна како што се очекуваше, бидејќи резултатите воопшто не му одат во прилог на Алонсо.

Во последно време дури почнаа да се шпекулираат дека Алонсо би можел да добие отказ доколку не ја преврти ситуацијата во своја корист и изгледа дека е подготвен на сè за да го направи тоа и да ги оправда очекувањата.

Тоа најдобро го докажува очајничкиот потег на кој е подготвен кога станува збор за бразилскиот репрезентативец Родриго.

Познато е дека Родриго беше меѓу првите играчи на кои Алонсо им даде до знаење дека не смета многу, и поради тоа Бразилецот не доби многу шанса на почетокот на сезоната, што го натера Перез сериозно да размислува за неговата продажба.

Интерес за Родриго не недостасува, а најмногу се заинтересирани Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул, кои се подготвени да платат околу 70 милиони евра за овој офанзивец.

Иако се чинеше дека во јануари би можел да го напушти Реал, сега дојде до целосен пресврт, и тоа токму поради Алонсо.

Според угледниот Марка, тренерот на Реал одлучил дека Родриго би можел да биде еден од клучните играчи за пресврт на ситуацијата и сегашната форма во која се наоѓа неговиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бившиот фудбалер се збогатил како дилер на дрога: “За две недели заработувам…”

Серхио Контрерас Пардо, попознат како Коке, некогашен професионален фудбалер кој играл за …