Дома Моторспорт Бурно во Ферари: По критиките од претседателот, се огласија Леклер и Хамилтон

Бурно во Ферари: По критиките од претседателот, се огласија Леклер и Хамилтон

Луис Хамилтон и Шарл Леклер се огласија по јавната критика од страна на претседателот на Ферари. Двајцата колеги истакнаа дека клучот се крие во единството и фокусираноста во завршницата на сезоната. Ситуацијата во Маранело е далеку од мирна.

Луис Хамилтон и Шарл Леклер објавија изјави на социјалните мрежи само неколку часа откако претседателот на Ферари, Џон Елкан, отворено ги критикуваше.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Елкан истакна дека двајцата возачи треба „помалку да зборуваат” и „повеќе да се фокусираат” на возењето, нагласувајќи дека Ферари поминува низ исклучително тежок период.

Ферари сезонава сè уште нема победа. Викендот во Бразил беше вистински кошмар. И двата болиди на Ферари завршија во гаражата пред крајот на трката.

Хамилтон веќе во првиот круг имаше инцидент по контактот со Карлос Саинц. Недолго потоа беше инволвиран и во судир со Франко Колапинто.

Штетата на болидот беше огромна. Ферари одлучи да го повлече од трката нешто по половината од истата.

По турбулентниот викенд во Сао Паоло, Хамилтон се огласи вечерта во понеделник на социјалните мрежи и испрати јасна порака.

„Сè уште верувам во мојот тим. Верувам во себе. Нема да се откажам. Не сега, не тогаш, никогаш. Ви благодарам, Бразил, секогаш”, порача Хамилтон.

Неговиот тимски колега, Шарл Леклер, исто така имаше драматичен настап.

„Разочаран сум што се враќаме дома со речиси нула поени во моментот кога се бориме за второто место во поредокот на конструктори. Од овде натаму е само нагоре и јасно е дека единството може да ни помогне да ја промениме ситуацијата во последните три трки.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ферстапен ја смета одбраната на титулата како невозможна мисија – Норис или Пјастри ќе стане шампион

Големата награда на Бразил на Интерлагос во Формула 1, се вози денес од 18 часот. Пол пози…