
Реал Мадрид ТВ минатата сезона предизвика повеќе „бури“ во шпанскиот фудбал со своите изјави и прилози, а „кралскиот клуб“ не планира да запре. Преку својот медиум, клубот продолжува да води борба против Ла Лига во која досега беше инфериорен во споредба со Барселона.
Лидерите на шпанската Ла Лига го одбија барањето на Реал за одложување на натпреварот од првото коло против Осасуна, кој треба да се одигра во Мадрид на 19 август, што предизвика ново незадоволство.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од Реал побараа одложување бидејќи играчите сè уште се исцрпени од минатата сезона, во која најдобрите фудбалери одиграа повеќе од 60 натпревари, бидејќи учествуваа и на Светското клупско првенство во Америка.
“Барањето за одложување на натпреварот беше испратено уште на 9 јуни, бидејќи знаевме дека нашите играчи нема да се одморат доволно по Светското клупско првенство. Одговор добивме дури на 31 јули. Дотогаш нè игнорираа. Ги затворија вратите за логиката, спортската медицина и интегритетот на натпреварувањето”, изјави водителот на Реал Мадрид ТВ.
“Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас Медрано, е познат како нељубител на Реал Мадрид. Јасно нè критикуваше и рече дека натпреварот не смее да биде одложен. Ова е манипулација. Сезоната 2025/2026 во Шпанија е наместена и манипулирана. Нашиот тим ја започнува сезонава по нивна замисла, не случајно”, заврши емисијата на клупската телевизија.
Минатата сезона Реал не успеа да освои ништо, Карло Анчелоти замина и стана селектор на Бразил, дојде Чаби Алонсо и започна нова ера, но ќе видиме дали ќе успее да се избори на домашен терен против одличната Барселона.
Притисоците започнаа дури пред сезоната да започне, а ваквите „изливи“ на Реал Мадрид ТВ тек ќе ги гледаме…