
Карло Анчелоти дојде до крајот на својот мандат во Реал Мадрид!
Скај Спорт ексклузивно објави дека Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид по финалето на Кралскиот куп со Барселона, на 26-ти април!
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Јасно е дека послабите изведби оваа сезона и елиминацијата од Лигата на шампионите од Арсенал ја прелеаја чашката кај Флорентино Перез, кој смета дека овој млад тим на Реал треба нова и свежа крв на клупата.
Не е познато дали Анчелоти и во случај на победа над Барселона ќе ја напушти екипата по финалето, или ќе биде објавено дека се разделуваат.
Скај Спорт во својот прилог што се емитуваше во живо, објаснува дека циклусот дојде до крајот, иако Анчелоти освои дури две Лиги на шампионите во последните три години, 2022 и 2024 година, и во истите сезони и Ла Лига.
Истовремено, германскиот „Билд“ открива дека Чаби Алонсо постигнал договор со Баеер Леверкузен да го напушти клубот летоска, но за одредена компензација.
Иако сумата не е прецизирана, наводно Баер ќе бара минимум 10 милиони евра како отштета за неговото заминување во Реал Мадрид.
Ова исто така не е тајна, бидејќи одамна е познато дека Чаби Алонсо минатото лето одби и Ливерпул и Бајерн Минхен бидејќи ја чекаше понудата на Реал за оваа година.
Како што стојат работите, Анчелоти за 10 дена ќе го напушти Реал Мадрид иако зад себе има најмногу трофеи од сите клубови откако вторпат го презеде “кралскиот” клуб…
Фото: Real Madrid C.F/FB