
Непопуларните мерки на сер Џим Ратклиф за намалување на трошоците, вклучувајќи скратување на 450 работни места и укинување на бонусите на персоналот, дадоа резултат.
Манчестер Јунајтед денес објави оперативна добивка од 32,6 милиони фунти за првите шест месеци од финансиската година. Овој период завршува на 31 декември 2025 година, а резултатите се импресивни во светло на податоците за истото полугодие 12 месеци порано. Тогаш, 20-кратните шампиони на Англија беа во загуба од 3,9 милиони фунти. Ова е постигнато во услови на негативни околности, каде тимот не игра во Европа само втор пат во последните 35 години и испадна од двете домашни купи уште во првиот круг.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Оперативната добивка за последниот тромесечен период изнесувала 19,6 милиони фунти, а за истиот период минатата година изнесувала 3,1 милиони фунти.
“Сега гледаме позитивен финансиски ефект од нашата трансформација надвор од теренот, кој се материјализира и во трошоците, и во рентабилноста. Продолжуваме да применуваме пристап што го става фудбалот на прво место и да инвестираме во машкиот и женскиот прв тим”, изјави главниот извршен директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада.
Манчестер Јунајтед сепак извадил дополнителни 25 милиони фунти од подвижниот кредит, кој сега изнесува 295,7 милиони фунти. Со оглед на ова, вкупниот долг од купувањето од семејството Глејзер и дополнителните обврски од над 500 милиони фунти, од кои голем дел се неплатени обврски по трансфери, клубот објави на крајот на минатата година дека има обврски од 1,29 милијарди фунти.