
Кошаркарите на Денвер победија како гости во Чикаго (136:120), во натпревар од НБА лигата. Избраниците на Дејвид Аделман така ја прекинаа серијата од три порази со враќањето на Никола Јокиќ на терен после повредата.
Токму Јокиќ оствари импресивен трипл-дабл, постигнувајќи 22 поени, 17 асистенции, 14 скокови, четири блокади и една крадена топка.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Добро го служеше шутот минатата вечер. Имаше 7/12 од игра, за три 2/2, а од линијата за слободни фрлања 6/6. Исто така, на вечната листа на играчи со трипл-дабл учинок во регуларниот дел од сезоната, го престигна Оскар Робертсон и пред него сега е само Расел Вестбрук.
На другата страна, Матас Бузелис реализираше 21 поен и осум скокови, Колин Секстон 17, додека по 15 постигнаа Ник Ричардс и Анферни Симонс.