Дома Фудбал Бруно Фернандеш со еден потег ги освои срцата на навивачите на Манчестер јунајтед

Бруно Фернандеш со еден потег ги освои срцата на навивачите на Манчестер јунајтед

Малкумина има кои би одбиле вакви пари, а Бруно Фернандес покажа дека парите не му се на прво место и така стана апсолутен миленик на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Ноќта пред полуфиналето на Лигата на нациите помеѓу Германија и Португалија во Минхен, капитенот на Манчестер Јунајтед и фудбалер на Португалија, Бруно Фернандеш, откри дека добил „неморална понуда”.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Саудиска Арабија стана засолниште за многумина, а Бруно добил покана од Ал Хилал, сепак уште на почетокот ја одбил можноста за заминување.

Фернандеш тоа го потврди за медиумите, и истакна дека ја одбил понудата по разговорите со Рубен Аморим и неговото семејство, а причините ги воодушевија навивачите на Манчестер Јунајтед.

„Претседателот на Ал Хилал ме повика пред еден месец и праша дали постои можност за моето доаѓање. Ми требаше краток период за размислување.

Јас бев подготвен да одам само под еден услов, а тоа е ако Манчестер Јунајтед каже дека не ме сака, тогаш би сметал дека е најдобро да заминам“, рече Фернандеш.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…