Дома Фудбал Останато Бразилка ја воодушеви публиката: Заигра во петтиот месец од бременоста и доби силни овации

Бразилка ја воодушеви публиката: Заигра во петтиот месец од бременоста и доби силни овации

Бразилската одбојкарка Присила Оливеира Хелдес ја привлече вниманието на светската јавност бидејќи дури и во петтиот месец од бременоста играше на натпреварот за својот Флуминенсе во шампионатот на Бразил.

Хелдес се појави во четвртфиналната серија на разигрувањето на бразилското првенство и блескаше на својата позиција како техничар, на која своевремено играше и за репрезентацијата на Бразил.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Со своите фантастични потези, 33-годишната Бразилка ја крена публиката на нозе, иако нејзиниот труднички стомак е веќе забележлив на прв поглед.

Нејзиниот Флуминенсе сепак испадна од плејофот, бидејќи Сеси-Бауру со 2:1 ја доби оваа четвртфинална серија и се пласираше во полуфиналето.

Инаку, Хелдес е во врска со бразилскиот кошаркар Веслијем Кастро, со кој често објавуваат фотографии на социјалните мрежи.
Фото: Пртинскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џошуа за борбата со Пол: Му кажав дека ќе му ја земам душата

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, му нанесе тежок пораз на Џе…