Дома Фудбал Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест.

Англискиот премиерлигаш потврди дека 24-годишниот фудбалер потпишал четиригодишен договор, кој ќе трае до летото 2029 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Целосната сума на трансферот не беше објавена од клубовите, но медиумите шпекулираат дека се работи за околу 10 милиони фунти (приближно 12 милиони евра).

Жезус својата професионална кариера ја започна во бразилскиот клуб Коритиба, по што играше во Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати, пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.

Напаѓачот забележа 59 настапи и постигна 17 голови за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања.

Особено се истакна на Светското клупско првенство, каде што помогна на Ботафого да се квалификува за нокаут фазата, и со два гола, вклучувајќи го и победничкиот против шампионот на Европа, Париз Сен Жермен.

„Многу сум радосен што сум дел од оваа нова авантура, особено во клуб како Нотингем Форест. Не ми требаше многу време да ја прифатам понудата, беше одлука од срце. Задоволен сум со проектот што ми го презентираа и со нетрпение очекувам да дадам најдобро од себе“, изјави Игор Жезус по потпишувањето на договорот.

Во дресот на Бразилската репрезентација, одигра четири натпревари, дебитирајќи со гол против Чиле во квалификациите за Светското првенство 2026.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи потврди уште едно засилување: Веќе потрошија 150 милиони евра!

Денес, екс-фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс, премина во Челси. Дваесетгодишни…