Дома Фудбал Бразилец постигна спектакуларен гол – во стилот на Ибрахимовиќ го воодушеви фудбалскиот свет (Видео)

Бразилец постигна спектакуларен гол – во стилот на Ибрахимовиќ го воодушеви фудбалскиот свет (Видео)

Еден од најдобрите голови во 2025 година беше постигнат синоќа, а автор е бразилскиот дефанзивец Матеус Дориа кој во триумфот на Атлас против Тихуана постигна неверојатен гол.

Имено, Дориа во 61. минута од средбата постигна гол со шкорпион удар и го воодушеви фудбалскиот свет, станувајќи легитимен кандидат за наградата „Ференц Пушкаш“, која се доделува на авторот на најдобриот гол во годината.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Да додадеме дека неговиот гол го поттикна Атлас, кој до тогаш губеше со дури 3-0, но на крајот за 30 минути постигна четири гола и победи со 4-3.

Стрелците за домашните беа Хозе Зунига, Џојан Хулио и Алан Вега, додека за гостите освен Дориа, три гола постигна и Урош Ѓурѓевиќ.

Да нагласиме дека ова беше вториот гол за Дориа во 28-та одиграна натпревар за мексиканскиот тим оваа сезона.

Претходно играше за Ботафого, Марсеј, Гранада, Малатјаспор, Сантос Лагуна и Атлас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси го нема веќе три натпревари, Маскерано откри што се случува

Најдобриот фудбалер на Интер од Мајами Лионел Меси не настапи во недела навечер и по трет …