Дома Фудбал Бразилците бараат казни за Винисиус

Бразилците бараат казни за Винисиус

Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) упати писма до ФИФА и УЕФА со барање за строги санкции за сите вмешани во новиот случај на наводен расизам против напаѓачот Винисиус Жуниор.

Организацијата од Бразил инсистира на “сеопфатна истрага” со цел да се откријат и казнат одговорните за наводните расистички дејства кои се случија минатата среда на стадионот “Луж”, за време на натпреварот од Лигата на шампионите.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


По пријавата, судијата го активираше протоколот за расизам и го прекина натпреварот за околу десет минути, предизвикувајќи генерална збрка на теренот меѓу играчите и стручните тимови.

Во официјалните документи, CBF бара од УЕФА да “ги земе предвид сведоштвата на жртвата и присутните лица, за да ги идентификува и соодветно казни лицата вклучени во инцидентот”. Конфедерацијата, исто така, потсети на статутите на УЕФА, особено на член 2, кој промовира фудбал без дискриминација, и член 7, кој ја обврзува организацијата да примени ефективни мерки за казнување на расистичките навреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Утрото донесе лоши вести за сите навивачи на Барселона, но и за тренерот Флик

Откако синоќа аргентинскиот новинар Уго Баласоне објави вистинска бомба, утрото донесе ужа…