Дома Фудбал Бразил и Анчелоти продолжуваат заедно без оглед на пласманот на СП 2026

Бразил и Анчелоти продолжуваат заедно без оглед на пласманот на СП 2026

Карло Анчелоти и Бразил наскоро би можеле да ја продолжат својата соработка до Светското првенство во 2030 година, беше потврдено денеска.

Италијанецот во мај оваа година потпиша едногодишен договор, односно до крајот на Светското првенство 2026, но веќе сега би можел да потпише нов.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат бројни извори, се водат преговори помеѓу Анчелоти и Бразил за продолжување на соработката до наредното Светско првенство 2030 година, кое ќе се одржи во Саудиска Арабија.

Анчелоти досега го водеше Бразил на осум натпревари, има четири победи, два нерешени и два пораза.

Сепак, многумина ги земаат тие резултати со резерва бидејќи користеше дури 42 различни играчи, бидејќи ја уигрува екипата и ја бара идеалната комбинација за Светското првенство.

Бразил се наоѓа во групата C, каде се наоѓаат и Мароко, Хаити и Шкотска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао и Милан се на крстопат, што следи?

При поразот на Милан од Лацио со 1:0, вниманието на јавноста не беше насочено само кон рез…