Дома Останати Кошарка Босански кошаркар има големо срце – со еден потег го воодушеви цел свет

Босански кошаркар има големо срце – со еден потег го воодушеви цел свет

Кошаркарите на Реал Мадрид во рамки на 19. коло од Евролигата ќе го пречекаат Баерн, а натпреварот ќе биде обележан и со посебна приказна за едно момче кое поминало 500 километри за да гледа својот омилен тим, благодарение на Џенан Муса.

На социјалните мрежи се појави приказна за момче од шпанскиот град Луго, од каде што доаѓа и поранешниот клуб на Муса, Бреоган. Момчето изразило желба да присуствува на натпреварот против Баерн во Мадрид.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Муса, познат по своите хумани гестови, уште еднаш покажа колку му е важно за заедницата. Тој ги организираше патувањето и билетите за натпреварот, овозможувајќи му на момчето да го оствари својот сон. Убав детал ја збогати оваа приказна, а тоа е дека момчето носело порака за Џенан:

– Муса, доаѓаме од Луго за да те видиме. Дали прифаќаш размена? Максимус за твојот дрес?

Во другата рака момчето го држеше маскотата на Луго по име Максимус, кој го понуди како дел од размената.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ му сервираше „сè на тацна“, а Вестбрук направи промашување на годината (Видео)

Никола Јокиќ во два дена двапати играше против највисокиот кошаркар во НБА лигата – …