Дома Фудбал Борусија има нов англиски талент, великите застанаа во ред

Борусија има нов англиски талент, великите застанаа во ред

Борусија Дортмунд би можела повторно да заработи многу од добрата работа на своите скаути, кои успешно рано ги откриваат талентираните англиски фудбалери.

По Џејдон Санчо и Џуд Белингем, изгледа дека редот дојде на 20-годишниот Џејми Гитенс.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


За левото крило на Борусија интерес покажуваат Арсенал, Тотенхем и Челзи, објавуваат британските медиуми. Младиот англиски репрезентативец оваа сезона во германското првенство и Лигата на шампионите има постигнато вкупно 11 голови и пет асистенции.

Во германскиот клуб дојде од младинската школа на Манчестер Сити како слободен играч. Договорот со Борусија му е валиден до јули 2028 година, а „црно-жолтите“ бараат обештетување од 102 милиони евра.

Борусија претходно од Манчестер Сити за 20 милиони евра го донесе Џејдон Санчо, кој подоцна го продадоа на Манчестер Јунајтед за 85 милиони. Потоа му платија на Бирмингем 30 милиони евра за Џуд Белингем, кој во јули 2023 година го продадоа на Реал Мадрид за 113 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пол Погба остана без клуб: никој не го сака, понуден на тимот на Монако

Пол Погба во своите 32 години не планира да се пензионира, сака да продолжи да игра фудбал…