Дома Фудбал Борнмут ја постави цената за Керкез, Ливерпул на потег

Борнмут ја постави цената за Керкез, Ливерпул на потег

Милош Керкез е едно од откритијата на сезоната во Премиер лигата, а Борнмут ја постави цената за која унгарскиот репрезентативец може да го напушти клубот.

Керкез блеска оваа сезона во дресот на „Црешите“. Неговите игри покрај левата аут линија привлекоа голем интерес меѓу клубовите, а најмногу заинтересиран е Ливерпул.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Борнмут е свесен дека ќе може да го задржи Керкез само теоретски, па мораше да реагира. Реагираа со поставување цена за одличниот лев бек.

Имено, според британските медиуми, цената за Керкез ќе биде 45 милиони фунти или нешто повеќе од 55 милиони евра. Толкава сума е потребна на Ливерпул за да го доведе новиот лев бек во клубот.

Керкез дојде по тивок пат од АЗ Алкмар во Премиер лигата, но брзо го привлече вниманието со неговите играчки квалитети. Претходно, Керкез ги носеше боите на Милан, сепак, таму не добиваше минути и се отпатува во Холандија.

Оваа сезона, на 29 натпревари постигна два гола и додаде пет асистенции, а договорот со Борнмут му истекува во јуни 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…