
Леонардо Бонучи би можел во скоро време да се врати во Јувентус, овој пат во тренерска улога. Според пишувањето на „Тутоспорт“ и „Качиомеркато“, раководството на клубот сериозно ја разгледува опцијата поранешниот капитен да ја преземе улогата на тренер во клубскиот систем – било тоа во младинскиот погон или дури како дел од стручниот штаб на првиот тим, во зависност од тоа кој ќе биде следниот главен тренер.
Идејата за враќањето на Бонучи се дискутираше на вечера во Рим на која присуствуваа и Џорџо Кјелини, кој веќе е вработен во клубот, и спортскиот директор Кристијано Ѓунтоли. Тутоспорт наведува дека можноста за ангажман на Бонучи во Континаса се опишува како „сè поизгледна“.
Бонучи ја заврши кариерата на крајот на сезоната 2023/24 и од октомври работи како помошен тренер на италијанската репрезентација до 20 години под водство на Бернардо Корарди. Паралелно посетува тренерска едукација и полага потребни лиценци.
Џорџо Кјелини, долгодишниот партнер на Бонучи од одбраната и капитен, веќе е дел од организацијата на Јувентус. По враќањето во клубот минатата година, ја извршува функцијата раководител на односите со фудбалските институции.
Фото: Принтскрин