
И покрај многуте гласини дека Кристијано Роналдо нема да склучи нов договор со Ал Наср, се случи пресврт.
Како што информира реномираниот италијански новинар Фабрицио Романо, изгледа дека Португалецот ќе остане во Саудиска Арабија до 2027 година.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Според италијанските извори, сите документи се подготвени, а сега се дебатира дали Роналдо ќе потпише договор на една или две години. Саудијците посакуваат двогодишен договор, а единствената дилема е дали тоа го сака и Роналдо.
За искусниот Роналдо, кој гони својот 1000-ти гол во кариерата, ова ќе биде трета сезона во саудискиот клуб, каде сè уште се надева на својот прв домашен трофеј. Единствениот трофеј што го освои беше во Арапската лига на шампиони во 2023 година.