Дома Фудбал Бомба од Мадрид: Aнглискиот гигант може да ја искористи ситуацијата со Винисиус, веќе започнал преговори!

Бомба од Мадрид: Aнглискиот гигант може да ја искористи ситуацијата со Винисиус, веќе започнал преговори!

Манчестер Јунајтед ја засилува својата заинтересираност за Винисиус по неодамнешниот инцидент кој Бразилецот го направи на Ел Класико…

Иднината на кариерата на Винисиус во Реал Мадрид станува сè понеизвесна, особено поради последниот инцидент во Ел Класико кој дополнително ја заостри ситуацијата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Договорот на Бразилецот истекува во 2027 година, а преговорите за продолжување не мрдаат од мртва точка. Разговорите меѓу неговите претставници и Кралскиот клуб не напредуваат, а причината е финансиска: Бразилецот бара плата која Флорентино Перес не е подготвен да ја плати. Она што изгледаше како лесен потег, се претвори во сериозен проблем за шефовите на мадридскиот гигант.

Винисиус смета дека бил клучен во последните успеси на Реал и верува дека заслужува плата на ниво на Килијан Мбапе, но мадридскиот клуб под Перес воспостави политика на задржување на интерната структура на платите и не планира да го наруши тоа правило. Перес е свесен дека еднаш ако попушти, нема враќање и сите ќе бараат поголеми плати. Бидејќи и двете страни се цврсто на својата позиција, преговорите не напредуваат и се задржува статус кво.

Знаци од шпанските аналитичари укажуваат дека Кралскиот клуб не планира значително да ја зголеми понудата која е веќе на маса. Перес смета дека бразилското крило веќе има една од највисоките плати во екипата, и такво големо зголемување не е оправдано.

Аргументите на Винисиус се дека пазарот брзо пораснал и дека неговата вредност како глобална ѕвезда заслужува соодветно финансиско признание. Шпанските медиуми шпекулираат дека очигледната разлика во позициите создаде јаз меѓу преговарачите, кој неколку европски клубови имаат намера да го искористат. Минатото лето најмногу се пишуваше дека Винисиус има ‘неморална’ понуда од Саудиска Арабија, но англиските медиуми случајно го истакнаа интересот на Манчестер Јунајтед, а сега за тоа пишуваат и неколку шпански медиуми.

Порталот посветен на случувањата во Реал и Барселона madrid-barcelona.com тврди дека Манчестер Јунајтед моментално е најсериозниот кандидат. Големиот англиски клуб сака бразилецот да го направи суперѕвезда на својот нов спортски проект, кој има за цел да го врати клубот од Олд Трафорд во европската елита по десетина години разочарувања.

Црвените ѓаволи наводно подготвуваат понуда од 200 милиони евра за следниот летен трансфер период. Оваа бројка беше спомната и од англиските медиуми летоска. Лесно е да се заклучи дека таква понуда би ги раздрмала темелите на Сантијаго Бернабеу. Дополнително, Англичаните би му понудиле на Винисиус титулата најплатен фудбалер во Премиер лигата, надминувајќи ги дури и цифрите кои ги имаат ѕвездите како Хааланд или Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше најголем талент во Ливерпул, а сега ќе игра во осма лига

Некогаш големиот талент на Ливерпул, Џордон Ајб (29), од кого се очекуваше да стане светск…