Дома Фудбал „Бомба“ на повидок: ПСЖ може да добие големо засилувње од Баерн!

„Бомба“ на повидок: ПСЖ може да добие големо засилувње од Баерн!

Стоперот на Баерн Минхен, Дајо Упамекано, се наоѓа на мета на бројни клубови, а сега сериозен интерес покажал и Пари Сен Жермен!

Оваа вест ја објави уредникот на „Билд“, Кристијан Фалк, кој тврди дека од Париз испратиле јасен сигнал до агентите на францускиот репрезентативец дека се подготвени да му понудат нов договор доколку одбие да ја прифати понудата на Баерн Минхен.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Како што е познато, Упамекано е во последната година од договорот, го следат бројни клубови, меѓу кои е и Реал Мадрид, но ПСЖ во моментов е најконкретен.

Упамекано не крие дека е горд поради фактот што навивачите му скандирале да дојде во Париз на минатонеделниот натпревар против Баерн.

„ПСЖ е многу, многу голем клуб, со одличен тренер и магични играчи. Но, тоа не е мојот фокус. Целосно сум фокусиран на Баерн Минхен и на националниот тим. Сезоната сè уште е долга, а јас имам агенти задолжени за мојата иднина. Јас само сакам со Баерн да имаме што подобра сезона и се надевам дека ќе ги оствариме сите поставени цели на крајот од сезоната“, изјави Упамекано.

Да потсетиме, досега камен на сопнување помеѓу Упамекано и Баерн била платата. Французинот смета дека заслужува покачување и дека треба да биде во ранг на најплатените играчи како што се Џошуа Кимих, Џамал Мусиала, Алфонсо Дејвис и Хари Кејн, но клубот засега не ги исполнува тие барања. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Компанија на Андрес Иниеста под истрага за измама од 518.000 евра

Легендарниот шпански фудбалер и икона на Барселона, Андрес Иниеста, се најде под истрага о…