
Џек Грилиш се чини е непотребен во Манчестер Сити, бидејќи Гвардиола му сугерираше да најде нов клуб. Поради високата отштета, посоодветно е поранешниот капитен на Астон Вила да замине на позајмица.
Евертон покажа интерес, но според извори, англискиот репрезентативец сака нов почеток надвор од Англија.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Можеби неговата следна дестинација е Бундеслигата. Грилиш е заинтересиран да настапува на сцена со помал притисок, но и во Лигата на шампионите, а токму Леверкузен ги исполнува овие услови. Фудбалерот на Сити би бил идеална замена за Вирц, кој сè уште официјално не го потпишал договорот со Ливерпул, бидејќи преговорите меѓу клубовите сè уште траат, но тоа е само прашање на време.
За потсетување, Леверкузен веќе остана без еден стопер, Та се пресели во Бајерн, а неколку фудбалери се на радарот на други клубови, додека Грималдо е опција за лев бек во Реал Мадрид.
Леверкузен е поврзан и со играчи на Манчестер Јунајтед, но шпекулациите за Антони се нереални, особено откако исплива информација дека Холанѓанецот ги советувал „ѓаволите“ да го избегнат Бразилецот.
Гарначо е друга приказна, но и таа опција е далеку од реализација на трансферот.
Фото: Bayer 04 Leverkusen/X