Дома Фудбал БОМБА: Големи се шансите Пеп да го напушти кормилото на Манчестер Сити

БОМБА: Големи се шансите Пеп да го напушти кормилото на Манчестер Сити

Според информациите на реномираниот британски медиум Скај Спорт, иднината на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити е под сериозен знак прашалник. Извори блиски до клубот тврдат дека шансите шпанскиот стратег да се повлече од функцијата по завршувањето на сезоната се значително зголемени.

Иако Гвардиола има важечки договор, наводно тој размислува за нов предизвик по долг и исклучително успешен период на „Етихад“. Под негово водство, Манчестер Сити освои бројни трофеи, вклучувајќи повеќе титули во Премиер лигата и историската титула во Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од клубот засега нема официјална потврда или демант на овие шпекулации, но во фудбалските кругови веќе се зборува за можни наследници и потенцијални дестинации за Пеп.

Доколку овие информации се покажат како точни, тоа би претставувало вистинска сензација и почеток на нова ера за Манчестер Сити, но и голем пресврт на европската фудбалска сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово:Роналдо е пред заминување, објави и медиумот во кој тој е сопственик!

Кристиано Роналдо најавува заминување од Саудиска Арабија, како што објави португалскиот в…