Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување.
Имено во подготовките за новата сезона и на Австралија Опен каде што освои 11 титули, Ѓоковиќ ќе соработува со неговиот долгогодишен ривал од тениските терени, Енди Мареј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Соработката ја потврди самиот Ѓоковиќ.
„Возбуден сум што еден од моите најголеми ривали ќе биде со мене на иста страна на мрежата, сега како мој тренер. Се радувам што ја започнувам сезоната заедно со Енди кој ќе биде покрај мене во Мелбурн каде што делевме многу моменти од кариерата“, истакна Ѓоковиќ
Договор е постигнат за подготовките во сезоната и Австралија Опен, додека за евентуално продолжување Ѓоковиќ и Мареј ќе разговараат подоцна во зависност од резултатите.