Дома Фудбал „Бомба“: Далиќ ја напушта Хрватска и станува селектор на друга репрезентација?!

„Бомба“: Далиќ ја напушта Хрватска и станува селектор на друга репрезентација?!

Катарскиот портал Al Raya тврди дека хрватскиот селектор Златко Далиќ постигнал договор со катарската репрезентација. Споменатиот извор тврди дека Далиќ ќе го замени сегашниот селектор Феликс Санчез Лопез и веднаш ќе почне со работа, бидејќи катарската репрезентација овој месец го очекува Gulf Cup, кој се игра во Кувајт.

Далиќ има договор со ХНС до летото 2026 година и е планирано да ја води репрезентацијата во завршницата на Лигата на нации, квалификациите за Светското првенство 2026, како и на самиот Мундијал во Северна Америка, ако Хрватска гсе избри за пласман. Од Катар тврдат дека сè е договорено и дека наскоро целиот договор ќе биде објавен.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Далиќ ја презеде Хрватска на 7 октомври 2017 година. Досега ја водеше репрезентацијата на 93 натпревари, постигнувајќи 50 победи, 19 нерешени и 24 порази. Освои сребрен и бронзен медал на Светските првенства, како и сребро во Лигата на нации. Во кариерата го водеше Ријека, ФК Динамо, Славен Белупо, Ал-Фаисали, Ал-Хилал У-23, Ал Хилал и Ал-Аин.

Далиќ за време на мандатот во репрезентацијата имаше уште побогата понуда. Пред шест години откри дека му се јавил клуб од Кина со понуда од 24 милиони евра за три сезони, но тој го одби тоа: “Овие денови дојде уште една понуда, побогата од онаа од Кина за која се пишуваше. Секогаш некој ме повикува и понекогаш се прашувам дали имам право да бидам таков кон своето семејство, да ги одбивам сите тие договори што ми ги нудат, бидејќи фудбалот е пролазен, денес си, утре не си. Кој знае дали во иднина ќе има такви прилики.”

“Си реков сам на себе: Ќе има и подобри. Имам договор со ХНС, но тоа не ме интересира. Во овој момент ме врзува само моето чувство, штом почувствувам дека тоа повеќе не е тоа, ќе си одам. Не сум тој што ќе биде селектор сто години, кој го брани својот ресор”, рече тогаш за Спортске новости.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ бара нов договор, Перез му постави услов

Лука Модриќ изрази желба да остане уште една година во Реал Мадрид и својата кариера да ја…