Дома Фудбал Бојан Димовски има нов клуб!

Бојан Димовски има нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Бојан Димовски ќе ја продолжи кариерата во српската Суперлига, откако потпиша договор со екипата на ТСЦ Бачка Топола.

Левиот бек, кој во минатата сезона настапуваше како позајмен играч во белградски Партизан од рускиот Акрон Тољати, и натаму ќе игра во Србија, но овојпат во дресот на амбициозниот клуб од Бачка Топола.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Димовски досега има запишано 20 настапи за македонската репрезентација. Неговите први фудбалски чекори се поврзани со академијата на Вардар, каде што ги мина трите развојни години и дебитираше за сениорскиот тим. Потоа следуваше трансфер во Академија Пандев, од каде замина во Русија, а преку Партизан сега стигнува до нов предизвик во српскиот шампионат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Собослаи: Среќен сум во Ливерпул и сакам да останам

ДОМИНИК СОБОСЛАИ ја истакна својата посветеност кон Ливерпул додека клубот се спрема да по…