
Едно од двете дербија во денешната рунда од ВМФЛ, пресметката меѓу Шкендија Арачиново и Беласица, заврши без голови (0-0).
Со ова реми, тимот од Арачиново му отвори простор на Охрид, кој подоцна го очекува предизвик против Брегалница во Штип, да ја зголеми својата предност на врвот од табелата.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Домаќините беа поконкретни на теренот и создадоа повеќе шанси, но не успеаја да ги реализираат. Најблиску до погодок беа околу 15 минути пред крајот, кога ја погодија пречката од голот на струмичани. Сепак, мрежите мируваа, па бодовите на крајот беа поделени.
Дуелот меѓу Брегалница и Охрид е единствениот од ова коло кој ќе се игра во вечерниот термин од 18:00 часот.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ
Koжуф – Големо Коњари 3-0
Новаци – Преспа 2-0
Осогово – Слога Виница 3-0
Победа – Детонит 0-6
Тетекс – Каменица Саса 3-0
Вардар Неготино – Скопје 0-2