
Џејми Карагер понуди необична теорија за тоа зошто Рубен Аморим сè уште не добил отказ во Манчестер Јунајтед и покрај серијата катастрофални резултати на Олд Трафорд. Поранешната ѕвезда на Ливерпул смета дека карактерот, шармот и добрата појава на Аморим му помагаат на португалскиот стручњак да ја задржи работата, пишува „Daily Mail“.
Зборувајќи во емисијата „The Overlap Fan Debate“, Карагер го објасни своето гледиште за ситуацијата. “Постои голема желба Жозе Мурињо да се врати во англискиот фудбал, и причината е што носи нешто ново, но беше победник. Секогаш се сеќаваме на Брајан Клаф, кога бев дете и тој зборуваше, слушавме затоа што беше победник.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Впрочем, гледам на тоа и мислам дека ако Аморим не беше толку карактеристичен на медиумските конференции, ако не беше толку згоден човек, можеби навистина ќе ја изгубеше работата многу порано. Кога ќе ги погледнете резултатите, тие се ужасни.”
Статистиката не оди во прилог на Аморим. Јунајтед ја заврши минатата сезона на разочарувачкото 15. место во Премиер лигата, загуби го финалето на Лига Европа од Тотенхем, а и новата сезона ја започна лошо. По домашниот пораз од Арсенал, следеше нерешено со Фулам, а сè кулминираше со шокантно испаѓање од Карабао купот по поразот од пониската лига од Гримсби Таун на пенали.
Фото: Grok AI