
Една сцена каква ретко се гледа беше дел од квалификациите за Австралија Опен, каде главната улога ја зема австрискиот тенисер Себастијан Офнер.
Во полуфиналето на квалификациите за првиот Гренд Слем турнир од годината, Офнер доживеа едeн од најнеобичните порази во историјата. Премногу рано ја прослави својата “победа”, бидејќи заборави основно правило поврзано со тај-брејкот во одлучувачкиот сет.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во дуелот против американецот Нишеш Басавареди, Офнер поведе со 7:1 во третиот сет, мислејќи дека победата е негова. Подигнати раце и движење кон мрежата го најавија неговото делумно самоувереност.
Сепак, на Австралија Опен одлучувачкиот тај-брејк се игра до 10 освоени поени, па му беа потребни уште три поени за целосна победа.
Тој ја сфати грешката дури откако разговараше кратко со судијата, но веќе беше доцна за промена.
Басавареди ја искористи можноста од психолошкиот крах на својот противник, освојувајќи осум од следните девет поени. Со неверојатен пресврт го комплетираше мечот со 4:6, 6:4, 7:6(11), обезбедувајќи си место во последното коло од квалификациите за Австралија Опен.
По завршувањето на натпреварот, 20-годишниот Американец симболично стави раце околу вратот во знак на “задушување” и гласно ја прослави една од најголемите победи во неговата кариера.
“Во супер тај-брејк секогаш имаш прилика, затоа продолжив да верувам”, изјави Басавареди за официјалната страница на Австралија Опен. “Видов дека малку е напнат, а топките беа веќе стари, па секој поен беше вистинска борба”, додаде тој после мечот.
Басавареди ќе игра за пласман во главната ждрепка против британецот Џорџ Лофеган.
Оваа година Австралија Опен започнува во недела, 18 јануари.