Дома Фудбал Бивш ас на Реал Мадрид: Анчелоти ќе го врати Бразил на врвот

Бивш ас на Реал Мадрид: Анчелоти ќе го врати Бразил на врвот

Карло Анчелоти е целосно способен да ја врати славата на бразилската национална репрезентација, изјави поранешниот одбранбен играч на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан.

Италијанецот ќе ги преземе петкратните светски прваци подоцна месецот и ќе стане првиот во нивната историја странски селектор.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


“Во националните тимови имаш многу тесен рок, во којшто треба да се подготвиш и да бидеш во врвна форма. Тоа е сосема поинаков предизвик од процесите на клупско ниво. Сепак, мислам дека луѓето кои се способни да освојат Лига на шампиони и да покажат најдоброто од себе во големите натпревари, можат да се справат на двата нивоа”, рече Варан.

“Карло е одличен тренер. Тој има богато искуство и знае како да ги подготви своите фудбалери за да бидат во врвна форма во вистинскиот момент. Тоа е најтешкото нешто во фудбалот. На светски првенства немаш втора шанса и не можеш да ги пропушташ можностите. Тој само знае како работите се случуваат на највисоко ниво,” продолжи поранешниот француски репрезентативец.

Во моментов, Бразил е на четврто место во квалификациите за светско првенство во зоната на Јужна Америка, заостанувајќи десет поени од Аргентина. .

“Тој знае што треба да направи и како да ги подготви фудбалерите. Карло се чувствува доволно удобно насекаде и ги води своите тимови со авторитет. Бразил има многу квалитетни играчи. Тој само треба да ги зближи и да им влее самодоверба,” додаде Варан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери го пронајде идеалниот напаѓач, но дали 55.000.000 евра ќе бидат доволни?

Астон Вила официјално побара информации за можен трансфер на робусниот шпански напаѓач Сам…