Дома Фудбал Англија Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Денес во фокусот ќе биде големото дерби помеѓу градските ривали од Манчестер. „Граѓаните“ играат под сите очекувања и се во голема криза, додека нивните комшии веќе неколку сезони се обидуваат да се разбудат од сон.

Сити во криза каква не се памети

Манчестер Сити ја има една од најголемите кризи во ерата на Пеп Гвардиола. Веќе неколку кола не знае за победа како во Премиер лигата така и во Лигата на шампиони. Тоа резултираше со пад на табелата, па моментално се наоѓа на 5-то место на табелата. Готово сигурно го загуби чекорот со лидерот кој има 9 бода повеќе, па сега целта за „граѓаните“ ќе биде пласман во Топ 4. Овој тим сигурно има голем квалитет и доминираше изминатите години во Премиер лигата, па само прашање на време е кога ќе се врати на победите. Ова е идеален момент за победа над градскиот ривал да се „залечат раните“ и да се подигне самодовербата. Во последните девет меча имаат само една победа, па сега и самодовербата на тимот е на ниско ниво. Ова може да биде клучен натпревар за тимот  на Гвардиола, а она што е важно е дека Де Брујне ќе биде спремен за игра. Проблемите се повреди се големи, па Гвардиола покрај на Родри нема да може да смета уште на Аке, Стоунс и Аканжи.

Аморим го чека голема работа во Јунајтед


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед има уште една турбулентна сезона. Во летниот преоден рок додатно го засили тимот, па навивачите конечно очекуваа дека тимот ќе се врати во трката за титулата. Меѓутоа „црвените ѓаволи“ лошо ја отворија сезоната и покрај поразите од директните конкуренти имаа неколку навистина изненадувачки порази. Тоа доведе до тренерска смена, беше доведен Рубен Аморим, кој ќе има доверва да го врати тимот на врвот. Сепак, младиот Португалец нема маѓично стапче и ќе му биде потребно време. Во последните три натпревари, кои се поклопуваат со периодот откако Аморим седна на клупата, тимот од Олд Трафорд не знае за триумф, а во тој период овој тим ремизираше еднаш, со два поврзани порази. Запиша победа во Лига Европа и нема да биде изненадување ако Аморим се фокусира кон освојување на тоа натпреварување, бидејќи е далеку од Топ 4 во моментов.

Очекување

Овој дуел е многу неизвесен, иако во последно време доминираат „граѓаните“. Двата тима имаат повреди со одбраната, па нашиот предлог е голови на двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…