Дома Фудбал Билетите за финалето во ЛШ: од 70 до 910 евра

Билетите за финалето во ЛШ: од 70 до 910 евра

Од УЕФА ја започнаа процедурата за продажба на билети за претстојните финалиња во Лигата на шампионите, Лига Европа, Конференциската лига и Женската лига на шампионите.

Важно е да се напомене дека на почетокот не се работи за стандардна продажба. Првично, секој кој е заинтересиран се пријавува како кандидат за билет на УЕFA.com/tickets. Продажбата за пошироката публика нема да се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“, туку преку лотарија што ќе се спроведе по завршетокот на периодот за аплицирање.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Процесот за продажба и распределба на билетите кои се резервирани за навивачите на финалистите, ќе биде координиран директно со соодветните клубови. Останатите билети се наменети за локалната организациона структура, националните асоцијации членки на УЕФА, трговски партнери, телевизиски оператори и фудбалската фамилија на УЕФА.

Финалето во Лигата на шампионите е закажано на 30 мај во Будимпешта на „Пушкаш Арена“. Од вкупно 61.400 билети, 39.000 се за навивачите и пошироката јавност. Двата финалиста ќе добијат по 17.200 билети. Секој успешен кандидат ќе може да купи до два билета.

Ценовни категории:

Fans First (за навивачи на финалистите): 70 €

Категорија 3: 180 €

Категорија 2: 650 €

Категорија 1: 950 €

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез сака да си замине, познато е и каде?!

Енцо Фернандез смета дека летото 2026 година е идеален момент за да го напушти Челси. Токм…