Дома Фудбал „Билд“: Халанд има специјална клазула во договорот, еве како може да се активира

„Билд“: Халанд има специјална клазула во договорот, еве како може да се активира

Ерлинг Хааланд (24) неодамна го продолжи договорот со Манчестер Сити и се обврза да остане на „Етихад“ до летото 2034 година. Одличниот норвешки напаѓач, кој се поврзуваше со Реал Мадрид и Барселона, тврди дека воопшто не размислувал по понудата за невообичаено долго останување во клубот.

Алфи, таткото на Ерлинг, беше капитен на Манчестер Сити и кога неговиот син блескаше во Борусија Дортмунд, велеше дека би му било драго да остане во некој друг клуб и лига три или четири години за да стекне што повеќе искуство. Така би имал и можност за полесно заминување на нова дестинација.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Тоа им даваше надеж на Барселона и Реал Мадрид дека би можеле да го доведат, но англиските медиуми пишуваа дека таа надеж сега е речиси непостоечка. Сепак, германскиот Билд открива дека во договорот на Хааланд постои скриена клаузула поради која би можел да го напушти клубот уште ова лето. Германците пишуваат дека Хааланд ќе има можност да го напушти клубот за фиксна сума во случај неговиот тим да не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Сити моментално е петти во англиското првенство, а два бода повеќе има четвртиот Челзи. Пред актуелниот првак се уште Нотингем Форест, Арсенал и водечкиот Ливерпул. Вредноста на клаузулата не е позната, но во Барселона наводно веќе се запознаени со ситуацијата и би можеле да реагираат ако се укаже можност.

Последните пишувања на светските медиуми исто така укажуваат дека Норвежанецот има уште една клаузула која може да се активира од 2029 година, а неа ќе можат да ја активираат само финансиски најсилните светски клубови како Реал Мадрид и ПСЖ, или веќе спомнатата Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе се бори против Челси и Манчестер јунајтед за ѕвезда на Дортмунд

Ливерпул е подготвен да им се спротивстави на ривалите Челси и Манчестер јунајтед за потпи…