
Тешкиот пораз од Манчестер Сити (0:3) во Премиер Лигата не беше единствениот удар за Ливерпул. Во 79. минута од натпреварот се случи сцена која разоткри подлабок проблем во тимот.
Мохамед Салах (33) тргна кон голот, но наместо да подаде на слободниот и подобро поставениот Флоријан Вирц (22), Египќанецот одлучи сам да шутира и промаши. Тој потег само го потврди она за кое долго време се зборува во соблекувалната на паднатиот шампион, пишува „Билд”.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Себичноста на Салах станува се поголем проблем. Само оваа сезона можеше да му асистира на Вирц дури четири гола во клучни натпревари: во Лигата на шампионите против Ајнтрахт (5:1), во дербито против Манчестер Јунајтед (1:2), против Реал Мадрид (1:0), и сега против Сити.
Во секоја од тие ситуации, додавањето ќе беше во интерес на тимот, посебно бидејќи и самиот Салах, кој заработува до 25 милиони евра годишно, минува низ криза во формата. Ова го забележа и тренерот Арне Слот (47), кој изјави: „Не сме навикнати да промашува шанси, посебно не во неколку натпревари по ред.”
Во соблекувалната веќе широко се зборува за егоизмот на десното крило кое минатата сезона постигна неверојатни 34 гола и 23 асистенции. Се појавуваат и први гласови, како поранешниот играч Џејми Карагер, кои се залагаат Салах да седне на клупата.
Египќанецот е „крал“ на Ливерпул, но се чини дека токму тој го блокира новиот почеток на клубот и развојот на својот наследник, Флоријан Вирц, засилување вредно 140 милиони евра. Младиот Германец засега се воздржува од поплаки. Свесен е за својата улога и не сака да предизвикува конфликти, иако е донесен за да ја подобри играта на Ливерпул, а не да води борби за моќ.