
Изгледа како да е само прашање на време кога управата на Манчестер Јунајтед ќе го отпушти Рубен Аморим и ќе доведе нов тренер на чело на тимот.
Навивачите и челниците на Манчестер Јунајтед очекуваа дека оваа сезона ќе биде подобра од претходната, но тоа никако не се случи затоа што тимот игра лошо од самиот почеток.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Изминатото лето беше бурно за клубот, каде Рубен Аморим реши да се ослободи од значителен број играчи кои веќе не се вклопуваа во неговите планови, па без разлика ги изолираше од главната екипа.
Така, меѓу оние кои не тренираа со останатите од тимот беа Маркус Рашфорд, Алехандро Граначо, Антони, Јадон Санчо и Тајрел Маласија, а тие тренираа одвоено за да ја одржат формата.
Додека останатите најдоа нови клубови како Барселона, Челси, Реал Бетис и Астон Вила, левиот бек Маласија не успеа да пронајде нова средина и продолжи да тренира индивидуално.
Имаше неколку понуди од Лил и Рома, исто така можност за позајмица во Елче, но ништо од тоа не се реализира. Подоцна се појавија понуди од турски и саудиски клубови, но Маласија јасно го одби тоа.
Затоа беше неочекувано изненадување кога тој беше вратен во листата на играчи на кои Аморим ќе смета за Премиер Лигата, бидејќи се покажа како упорен и мотивиран дури и кога тренираше со резервистите.
Дел од минатата сезона ја помина на позајмица во ПСВ, а неговиот заштитен знак е високото темпо на игра.
Кога му било побарано да игра со екипата под 21 година на Манчестер Јунајтед, тој тоа го прифати и одигра одличен натпревар.
Но, малку кој можеше да се надева дека по ова, Рубен Аморим ќе реши да го врати на тренинг со првиот тим и да смета на него за остатокот од сезоната.