
Марек Хамшик одигра 520 натпревари за Наполи во периодот од 2007 до 2019 година и одамна стана икона на тој клуб. Препознатлив по фризурата со години беше силен адут на италијанскиот тим во средниот ред, како и во словачката репрезентација, каде што е рекордер по бројноста на настапи (138). Денес е тим-менаџер и помошник на селекторот Франческо Калцоне, но има кариера и надвор од фудбалот.
Со сопругата Мартина и тројцата деца, Хамшик (37) е сопственик на мал зоолошки град во татковината. Како што самиот истакна, има три кучиња, мачка, шест морски прасиња и две творови, а работи и со живинарство. Започна со ова минатата година околу Велигден, кога дочека да му се изведат пилиња од јајца.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Потоа направи кокошарник за кој вели дека е „повеќе налик хотел за кокошки“, со автоматски врати, вградени грејачи и вентилација.
„Изгледа навистина луксузно, а поради автоматските врати не мораме да стануваме сабајле и да проверуваме како се. Денес имаме 29 кокошки, а тие несат од 20-ина јајца на ден. Размислувам да отворам продавница“, рече Хамшик.