Дома Фудбал Беше голема надеж на португалскиот фудбал, а сега ќе игра на Балканот!

Беше голема надеж на португалскиот фудбал, а сега ќе игра на Балканот!

Играчот на Пари Сен Жермен, Ренато Санчез, ќе продолжи да игра до крајот на сезоната како позајмен во Панатинаикос, потврди денес грчкиот клуб.

Португалскиот играч е веќе осмо засилување на Панатинаикос во летниот трансфер-период.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Санчез е дел од Пари Сен Жермен од 2022 година, но за францускиот и европскиот шампион има одиграно само 27 натпревари, бидејќи изминатите две сезони ги помина на позајмици во Рома и Бенфика.

Некогаш голем талент на средина од теренот, Санчез сега има 28 години и зад себе носи впечатливо искуство по клубовите, но кариерата не му се развиваше како што се очекуваше.

По освојувањето на Европското првенство во 2016 година со Португалија, тој од Бенфика премина во Баерн, каде му се предвидуваше да стане еден од најдобрите играчи во светот, но тоа не го оствари.

Откако беше на позајмица во Свонси, одлучи на добр потег и во 2019 година потпиша за Лил, каде повторно ја оживеа кариерата. Беше еден од лидерите на тимот кој во 2021 стана шампион на Франција, што доведе до негов трансфер во ПСЖ, но ни таму не се снајде.

Едноставно се “скрши” под притисокот од високите очекувања.

Сега во „зелениот“ дел на Атина има шанса за нов почеток. Тоа не е нивото на кое очекувавме да биде, но за него се уште не е предоцна.

Панатинаикос со неговото присуство добива засилување кое може да го вклучи во трката за титулата првак на Грција, што клубот ја чека уште од далечната 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…