
Бензема, поранешен играч на Реал Мадрид и една од легендите на клубот, веќе извесно време игра во Саудиска Арабија за Ал-Итихад, но и денес има посебен однос со мадридистите.
Французинот дојде на стадионот да го поддржи Реал, но неговиот некогашен тим во извонреден меч забележа пораз од Барселона со резултат 3:2.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во еден момент беа снимени Карим и Флорентино насмеани и во пријатен разговор. Очигледно е дека сето тоа е снимено пред или за време на натпреварот, бидејќи по него тешко дека имало причини за смеа.
Како и да е, Рамон Алварез де Мон е еден од оние кои 24/7 го следат Реал и коментатор е на Јутјуб. Потоа објави дел од разговорот меѓу Перез и Бензема.
„Бензема разговараше некое време со Флорентино Перез и Анас Лаграри во ВИП ложата за време на финалето. За што зборуваа? Па, главно за две работи, колку што знам, иако веројатно имаше повеќе. Карим му даде совет да му верува на Чаби Алонсо, бидејќи го познава добро од времето кога беше играч. Исто така, да доведе играч за врска; да доведе централно-врска. Не знам дали му даде некои имиња“, изјави Рамон Алварез.
Проблемот на Реал Мадрид со креирање на играта во средниот ред е нешто што сите можат да го видат. Чаби Алонсо тоа го истакна самиот при пристигнувањето, поради што побара да се доведе играч за врска.
Меѓутоа, клубот не го сметаше за важно да донесе уште еден играч за врска, со оглед на тоа што веќе има играчи во составот. Но, Карим Бензема, како и мнозинството навивачи на Реал Мадрид, смета дека тоа е потребно бидејќи сегашните играчи немаат профил како Модриќ и Крос.