
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, може да се врати на терените дури во април, откако заработи повреда во бутот. Англискиот репрезентативец се повреди за време на натпреварот против Рајо Ваљекано.
Првичните прогнози беа дека ќе биде надвор од терените околу еден месец.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, според новинарот Рамон Алварез де Мон, повредата може да биде посериозна. Постојат ризици Белингем да го пропушти до два месеца од сезоната.
Во тековната сезона од Ла Лига, Белингем учествуваше во 18 натпревари и има постигнато 4 гола.