
Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам, кој во Европа играше за клубови како што се Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан и ПСЖ, немаше дилема кога избираше кој го смета за најдобар играч на планетата, на сите времиња.
„Лео е најдобриот играч на светот и на сите времиња,“ рече човекот кој беше една од ѕвездите на „галактикосите“ на Реал Мадрид.
Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
Тој за време на својот говор во Лондон предвиде дека неговиот поранешен клуб во Шпанија, Реал Мадрид, оваа сезона повторно ќе ја освои Лигата на шампионите, а се осврна и на големите проблеми низ кои минува Манчестер Сити.
„Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери во светот, но секој голем клуб минува низ вакви времиња и кога тимот губи играч или доаѓа нов, составот може малку да се промени,“ анализираше тој.
Четириесет и деветгодишниот совладетел на американскиот клуб Интер Мајами за кој игра Лео Меси ја сумираше својата биографија низ некои од градовите во кои живеел.
„Лондон е мојот дом, Манчестер беше мојот дом долго време, а Мајами е како мој нов дом“, истакна тој.