Дома Фудбал Бекам го избра најдобриот фудбалер на сите времиња: Изненадени ли сте?

Бекам го избра најдобриот фудбалер на сите времиња: Изненадени ли сте?

Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам, кој во Европа играше за клубови како што се Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан и ПСЖ, немаше дилема кога избираше кој го смета за најдобар играч на планетата, на сите времиња.

„Лео е најдобриот играч на светот и на сите времиња,“ рече човекот кој беше една од ѕвездите на „галактикосите“ на Реал Мадрид.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој за време на својот говор во Лондон предвиде дека неговиот поранешен клуб во Шпанија, Реал Мадрид, оваа сезона повторно ќе ја освои Лигата на шампионите, а се осврна и на големите проблеми низ кои минува Манчестер Сити.

„Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери во светот, но секој голем клуб минува низ вакви времиња и кога тимот губи играч или доаѓа нов, составот може малку да се промени,“ анализираше тој.

Четириесет и деветгодишниот совладетел на американскиот клуб Интер Мајами за кој игра Лео Меси ја сумираше својата биографија низ некои од градовите во кои живеел.

„Лондон е мојот дом, Манчестер беше мојот дом долго време, а Мајами е како мој нов дом“, истакна тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иван Тони: Мојот клуб од Саудиската лига би се борел за врвот на Премиер лигата

Англискиот напаѓач Иван Тони изјави дека Саудиската Про Лига со квалитет речиси се изеднач…