
Габриел Батистута признава дека искрено го сакаше Диего Марадона и верува дека тој, како и многумина други, можеле да му помогнат во неговите најтешки моменти.
Легендарниот аргентински напаѓач Габриел Батистута отворено говореше за неговиот однос со еден од најголемите фудбалери на сите времиња, признавајќи дека и денес се носи со чувството на вина.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Батистута, кој ја делеше соблекувалната и теренот со Диего Марадона, особено за време на Светското првенство во 1994 година, емотивно се присетува на нивното пријателство и тешките моменти низ кои поминуваше Марадона.
Говорејќи со застанатa грутка во грлото, Батистута истакна дека чувствува оти многумина, вклучително и тој, не сториле доволно да му помогнат на Марадона кога му била најпотребна помош.
Марадона, кој за многумина е најголемиот фудбалер во историјата, живееше под постојаниот светлосен рефлектор од најрана возраст. Батистута смета дека токму тоа оставило длабоки последици.
“Неговиот проблем беше што стана славен како дете. Никој никогаш не му рече ‘не’. Сѐ му беше дозволено и тоа беше голема грешка. Беше неверојатна личност, но на крајот остана сам. Умре како куче”, рече Батистута.
Додаде дека чувствува лична одговорност затоа што не сторил повеќе.
“Не го заштитивме доволно. И јас се сметам за виновник. Кога некого сакаш, мораш да му помогнеш дури и кога тоа не го сака. Ние тоа не го направивме”, призна.
Заклучи дека славата често ги прикрива вистинските проблеми на спортистите.
“Кога се на врвот, сите мислат дека имаат сѐ. Не се гледа низ што поминуваат. Приказната на Марадона е потсетник колку оваа цена може да биде висока”, порача Батистута.