Дома Фудбал Барселона започна преговори со Влаховиќ

Барселона започна преговори со Влаховиќ

ДУШАН ВЛАХОВИЌ (25), голгетерот на Јувентус и српскиот националец, кој го држи рекордот како најскапиот фудбалер од Србија, може да се приклучи на Барселона во јануари. Италијанските и шпанските медиуми објавуваат дека разговорите меѓу актуелните шампиони на Шпанија и талентираниот напаѓач на Јуве започнале уште од летово, но неодамна, спортскиот директор на Барса, Деко, го интензивираше контактот со менаџерот на Влаховиќ, Дарко Ристиќ.

Зошто Барса го сака Влаховиќ во своите редови?

Истите извори предвидуваат дека преговорите ќе се продлабочат до јануари. Клучниот момент е што договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува на лето. Тоа отвора можност за Барселона да го искористи зимскиот трансфер период преку низа поволности, или пак, да договорат трансфер за следното лето без отштета.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Барса има две причини за интерес кон Влаховиќ. Првата е финансиската состојба на клубот која бара ефтини трансфери. Вториот мотив се однесува на истекот на договорот на Роберт Левандовски, кој на лето станува слободен агент. Имено, Левандовски е на 37 години и се соочува со посериозна повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо доби отворена покана да се врати во поранешениот клуб: Тоа би било совршено!

Кристијано Роналдо доби поканна да се врати во Спортинг и да ја заврши својата кариера на …