Дома Фудбал Барселона заинтересирана за Влаховиќ

Барселона заинтересирана за Влаховиќ

Според информациите од италијанските медиуми, Душан Влаховиќ скоро сигурно ќе замине од Јувентус по завршувањето на сезоната.

Имајќи предвид дека е во последната година од договорот, Јувентус планира да го продаде Влаховиќ за 40 милиони евра следното лето.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Оваа одлука доаѓа откако го вклучија во тимот Коло Муани во зимскиот трансфер период, кој одлично се прилагоди.

Барселона сега се вклучи во борбата за Влаховиќ, и подготвена е да ја покрие сумата која ја бара Јувентус.

Каталонскиот клуб смета дека Влаховиќ би бил идеален заменик за Левандовски, кој полека ги привршува активните играчки години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерот на Обединетото Кралство го повика Абрамович да ги ослободи парите од продажбата на Челси, за да бидат донирани на Украина.

Премиерот на Обединетото Кралство, сер Кир Стармер, го предупреди Роман Абрамович дека „вр…