Дома Фудбал Барселона во специјални дресови игра против Реал Мадрид

Барселона во специјални дресови игра против Реал Мадрид

Фудбалерите на Барселона ќе носат специјални дресови со логото на новиот албум на британската поп ѕвезда Ед Ширан во претстојното големо дерби против Реал Мадрид, соопшти каталонскиот клуб.

Логото на најновиот студиски албум на Ширан со наслов „Плеј“ ќе биде на предната страна на дресовите, кои фудбалерите на Барселона ќе ги носат на 26 октомври во Мадрид на натпреварот против Реал. Една недела порано, на 19 октомври, дресовите со истото лого ќе ги носат и фудбалерките на Барселона на првенствениот натпревар против Гранада.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Горд сум што го гледам мојот нов албум ‘Плеј’ на дресовите на Барселона. Сакајќи го фудбалот, многу ми значи што ја донесов мојата музика на така култна сцена и ја поделив со навивачите“, изјави Ширан за веб-страницата на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…