
Барселона денеска објави кратко соопштение, во кое се потврдува нешто што каталонските медиуми го најавуваа уште пред четири месеци.
„Фудбалскиот клуб Барселона објавува дека денеска ја информирала Европската Суперлига и клубовите дека се повлекува од проектот за Суперлига Европа“, со ова каталонскиот гигант стави крај на своето учество во создавањето на затвореното континентално натпреварување.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Најбогатите европски клубови се обидоа да формираат натпреварување во кое само тие би учествувале, со што би заработувале многу повеќе отколку што е случај во натпреварувањата под покровителство на УЕФА. Идејата за проектот Суперлига беше прифатена од клубовите во 2021.
Мотивот за основање на Суперлигата беше претежно финансиски, но сега Барселона е задоволна од новата финансиска распределба што ја определи УЕФА во новиот формат на Лигата на шампионите.
Односите меѓу УЕФА и Барселона значително се подобрија минатата година, а доказ за ова е што Барселона го прими претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, како чест гостин во свечената ложа на натпреварот против Пари Сен Жермен на 1 октомври 2025.