Дома Фудбал Барселона подготвува изненадување за Меси, но тој не сака да го види Лапорта

Барселона подготвува изненадување за Меси, но тој не сака да го види Лапорта

„Марка“ пишува дека Барселона планира инаугурацијата на обновениот стадион „Spotify Camp Nou“, закажана за лето 2026, воедно да биде и голем проштален настан посветен на Лео Меси. Така клубот ја претставил својата идеја за време на разговорите со избрани медиуми, напоменувајќи дека и другата страна, односно Меси, е согласна со тој план.

Сепак, извори кои ги контактирала „Марка“ не ја потврдуваат оваа информација. Јасно е дека клубот сака да оддаде чест на аргентинската легенда по начинот на кој го напушти Барселона, но постои еден клучен проблем – никој уште не разговарал со Меси за неговото учество на тој настан.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Не е извесно ни дали Меси би прифатил да дојде. Неговото заминување од клубот беше болно, што најдобро се виде преку солзите на прошталната конференција. Од тогаш не дошло до никаков разговор помеѓу Жоан Лапорта и Меси.

Односите се лоши. Уште повеќе, Меси не сака да има никаков контакт со претседателот на клубот поради начинот на кој беше принуден да замине и подоцнежниот, неуспешен обид да се врати. Лапорта веќе претходно се обидел да го вклучи Меси во одбележувањето на 125-годишнината на клубот.

Но ни тогаш повикот не му беше официјално упатен. Меси сепак сакал да учествува па се појавил во интервју и видеопорака која беше емитувана за време на прославата. Бидејќи, како што често истакнува, Барселона му е во срцето, но проблемите кои ги има се однесуваат на актуелното раководство на клубот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли се врати во клубот кој го напушти во 2019 година

Италијанскиот фудбалски стратег Стефано Пиоли официјално се враќа на чело на Фиорентина, о…