Дома Фудбал Барселона нема да се врати на Камп Ноу оваа сезона

Барселона нема да се врати на Камп Ноу оваа сезона

Шпанскиот фудбалски великан Барселона вчера официјално ја отфрли можноста за враќање на својот стадион Камп Ноу до крајот на оваа сезона, информирајќи ги сите сопственици на сезонски билети дека сите преостанати домашни натпревари оваа сезона ќе ги играат на Олимпискиот стадион.

Работите на реновирањето на легендарниот Камп Ноу, најголемиот стадион во Европа, започнаа во јуни 2023 година, но се одолговлекоа поради проблеми со издавање дозволи и поплаки од работниците за условите на работа.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Заменик-претседателката на клубот, Елена Форт, во октомври оптимистички најави дека Барселона би можела да се врати на Камп Ноу и пред крајот на 2024 година, дури и ако капацитетот на стадионот привремено се намали на 62.000. Сега е јасно дека од тој план нема да биде ништо, и се очекува комплетното обновување на Камп Ноу со капацитет од 105.000 гледачи да биде завршено дури во летото 2026.

Барселона во моментов е лидер во шпанското првенство и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе испрати рекордна понуда за „идеалната замена“ на Мо Салах

Ливерпул е подготвен да го направи Родриго нивното најскапо засилување зашто го смета за п…