Ливерпул покажува силен интерес за играчот на Барселона, Френки де Јонг, и планира да го донесе на „Енфилд“ летово.
Барселона веќе решила да ја откаже понудата за продолжување на договорот испратена до Де Јонг. Нивната главна цел е да го продадат играчот следното лето.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Договорот на Холанѓанецот завршува следното лето, што ја отвора можноста за Ливерпул да ја искористи оваа ситуација.
Иако Де Јонг претходно одби неколку понуди од Премиер лигата, сега е подготвен да прифати трансфер во Ливерпул.
Барселона го информирала дека нема да ја попречи неговата желба за заминување и бара 30 милиони евра за неговиот трансфер.