Дома Фудбал Барселона не планира да доведе замена за Гави

Барселона не планира да доведе замена за Гави

Порано оваа недела Барселона потврди дека Гави ќе биде надвор од терените во следните 4-5 месеци по операција на коленото. Долгорочното отсуство на играчот од средниот ред е огромен удар за Каталонците и го ослабува делот во кој и онака имаше загриженост за недостигот од доволна длабочина.

Пред потврдата за повредата на Гави, Барселона го имаше него, Педри, Френки де Јонг, Марк Касадо и Марк Бернал како опции за позицијата на дефанзивен играч од средниот ред. Сепак, последниот сè уште не се смета за подготвен да започнува натпревари неколку недели, бидејќи се опоравува од своето долгогодишно отсуство.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Во пракса, тоа значи дека Ханзи Флик ги има Педри, де Јонг и Касадо како опорни играчи од средниот ред за тешкиот распоред во наредните седмици, што е далеку од идеално. Поради ова, се појавија информации дека Барселона може да побара веднаш замена за Гави на трансфер пазарот.

Сепак, од „Марка“ соопштуваат дека Барселона нема планови да потпишува со замена за Гави. Како клубот, така и Флик не сакаат да доведат играч само за бројката, како и што сметаат дека на пазарот за слободни агенти недостасуваат соодветни кандидати.

Додека Барселона го чека Бернал да се врати на 100%, Флик може да се обрати кон Ерик Гарсија како привремено решение во зоната на дефанзивниот ред. Бранителот неколку пати ја покриваше оваа позиција минатата сезона, така што може повторно да се смета на него – особено со тоа што Жул Кунде го врати местото на десен бек, а Пау Кубарси, Роналд Араухо и Андреас Кристенсен можат да го покријат центарот на одбраната.

Останува да видиме како Флик ќе се справи со ситуацијата во претстојните седмици, но несомнено е дека не е идеално тоа што Гави ќе отсутни толку долго време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик ја потврди добрата вест за Барселона

Тренерот на Барселона Ханси Флик, најави враќање на теренот Ламин Јамал, кој поради повред…